Псилхологот Џени Паркер направила истражување за соновите на мажите и жените, во кое што биле вклучени 100 жени и 93 мажи на возраст од 18 до 25 години.

Главниот заклучок на студијата е дека жените генерално имаат многу повеќе кошмари од мажите, а мажите пак најчесто имаат сексуални сонови.

Кошмарите на жените можат да се поделат во 3 широки категории: страшни сонови (како ги бркаат), губење на сакана личност или чудни и нејасни сонови.

За разлика од жените, мажите сонуваат за сексуални односи со жени кои се блиску до нив, но веројатноста да ги имаат е многу мала.

Додека пак жените кои сонуваат сексуални сонови повеќе сонуваат за бакнување, галење или исполнување на некоја сексуална фантазија со блиска личност.

За што сонувате вие?