Норвешките научници докажале дека луѓето кои апстинираат од алкохол имаат голем ризик за заболување со депресија отколку луѓето кои умерено конзумираат алкохол.
Истражувањето кое било спроведено на Норвешкиот универзитет за науки и технологија во Берген покажало дека луѓето кои за себе тврдат дека апстинираат од алкохол имаат најголеми шанси да даобијат депресија.
Останатите фактори како возраста и физичкото здравје не можеле да бидат показатели за големиот број на симптоми на депресија.
Научниците ги користеле податоците од здравствената студија Норд-Тронделаг која ги истражувала навиките на конзументите на алкохол врз 38.000 луѓе, а податоците биле собирани во текот на 11 години.
Заклучокот бил дека во случаеви кде што целото ваше друштво пие алкохоло а вие не некако се чувствувате како да сте маргинализирани. Сепак, апстинирањето има длабока врска со личните карактеристики, кои пак се врзани и преставуваат дел од менталитетот кај еден човек.