862 граѓани скоро една година ги чекаат парите за обештетување од ланските земјотреси во Охрид. За 15 од нив куќите  и понатаму  се ризични за живеење,а сеуште нема пари за поправка.Од општинската комисија до која дневно се обраќаат голем број револтирани граѓани велат дека обештетување ќе има но во кој процент ќе пресече Владата која деновиве се очекува да ја донесе одлуката.

„На 29.03 добив известување од владината комисија за некои корекции во елабратот, односно табеларниот преглед од прва, втора, трета и четврта категорија. Тој табеларен преглед со корекцијата како комисија го изготвивме и го вратив до владината комисија на 02.04. Сега тоа е во постапка и се чека  во секој момент да помине на седница на Влада  и да се донесе заклучок за обесштетување од земјотресите“, вели Раде Велјаноски – Општинска комисија за проценка на штета

Охриѓани бараат 100 проценти обештетување,но после толку чекање велат  немаат многу надеж дека ќе добијат нешто.