Ноќното спиење помага нервниот систем да се прочисти и ревитализира како од нервната активност, така и од отровите во телото кои сме ги насобрале претходниот ден.

Ако не сме доволно наспани, тогаш овој процес се одвива многу побавно. Доволно е само еден ден да имаме нарушен сон, за да се наруши нормалниот тек на работата на мозокот, но и целиот нервен систем воопшто. Понекогаш, во зависност од околностите, потребен е подолг период за да се надомести штетата.

Како и во секоја друга клетка во телото, така и околу нервните клетки постои заштитна миелинска обвивка, составена исто така од клетки кои служат како еден вид лепак на нервниот систем. Токму овие клетки се одговорни за процесот наречен фагоцитоза, процес во кој самата клетка ги „лови“ страните тела, односно токсините, и помага нервниот систем да се освежи и да се одржи здрав. Фагоцитозата е особено изразена во текот на спиењето, поради намалениот метаболитички процес, бидејќи тогаш овие клетки може да проценат што може да му наштети на организмот и да се изборат против тоа.

Лошиот сон го попречува овој процес, односно го доведува нервниот систем во состојба на самоуништување, кое пак понатаму може да доведе до многу болести, како што е Алцхајмеровата, или пак други нервни оштетувања.