Според неодамнешни археолошки откритија изгледа дека луѓето уживале во јаболките од дамнешните 6500 години п.н.е.
Од тогаш навака успешно го имаме совладано приготвувањето на пити од јаболки, изработка на освежителни сајдери и разни примени на јаболковиот оцет. Но, изгледа дека многу работи сè уште не ги знаеме. Затоа еве неколку интересни ситуации во кои можете да ги употребите јаболките.

Олеснете ги алергиите
Јаболките се богати со кверцетин, растителен екстракт кој го намалува лачењето на хистамин, хемикалија која се испушта во вашето тело при алергиски реакции. Исто така една студија објавена во списание открила дека мажите кои консумирале 5 или повеќе јаболки на неделно ниво на крај имаат подобра функција на белите дробови од мажите кои не јаделе јаболки.

Ублажете ја мигрената
Некои истражувања открија дека мирисот на зелени јаболки може да ги намали симптомите на мигрена како и нејзиното траење. Ако чувствувате дека можете да добиете главоболка, пресечете зелено јаболко на половина и уживајте во мирисот.

Забрзајте го дозревањето на другото овошје
Јаболките, како и праските, крушите и бананите, испуштаат етилен – гас кој го забрзува процесот на зреење. Но, овој трик нема успее со портокали, ананас или мандарини. Исто така ако не сакате овошјето пребрзо да созрее, не го држите во близина на јаболки.

Исчистете ја косата
Примената на јаболковиот оцет е неограничена, но постои една ситуација на која сигурно не сте помислиле. А тоа е битка со мрсната коса. Ставете една лажица јаболков оцет во 500 мл вода и со ова измијте ја коста. Јаболковиот оцет ќе го извлече од косата вишокот шампон кој ја прави косата тешка, а неговата миризба ќе исчезне само што ќе ја исушите косата.