Стресот може да ви помогне да созреете, но постојат неколку видови стрес, и не сите се добри за нас.

Според истражувањата, постојат 3 вида стрес и секој од нив има различно влијание.

Добар и лош стрес

Нашиот живот е низа од предизвици кои предизвикуваат стрес.

Постојат неколку „нивоа“ на стресот, кои можат да предизвикаат позитивна или негативна реакција во телото:

– Позитивната реакција е дел од нашиот развој. Најчесто се карактеризира со кратко забрзување на пулсот и мала промена во нивото на хормоните.

– Толерантната реакција е малку поинтензивна и се појавува во потешки ситуации. Може да биде предизвикана од нешта како скршено срце или некоја физичка повреда, но воглавно, ова е стрес што секој може да го поднесе.

– Токсичната реакција не е нормална појава и може да му наштети на здравјето.

За најдобро да ја разберете реакцијата на телото кога сте под стрес, би требало да ги знаете и видовите стрес.

1. Акутен стрес

Акутниот стрес е најраспространет и нормален, а се јавува како реакција на нов предизвик или настан. Можете да го почувствувате и ако направите грешка на работното место, ако се скарате со некоја сакана личност или ако имате некоја комплицирана задача.

Дури и учењето на вашето дете да вози велосипед може да предизвика акутен стрес.

Доброто количество акутен стрес го стимулира мозокот и му помага на здравјето. Истражувањата покажале дека кратките стресни ситуации, можат дури да го подобрат менталниот перформанс.

Ако, пак, воопшто не чувствувате стрес, можно е да се појави здодевност, па дури и депресија.

Веројатно сте имале период во животот кога ништо не се случувало, па поради тоа сте се чувствувале апатично.

2. Епизоден акутен стрес

Ако често искусувате акутен стрес, тогаш веќе станува збор за епизоден акутен стрес.

Кога постојано сте загрижени и за најмалите ситници, многу лесно можат да ве надвладеат негативните чувства. Ова, пак, може да предизвика замор, главоболки и ослабен имунитет.

Поради ова, ако сте во ваква ситуација, важно е да го средите вашиот живот и да не бидете престроги кон себе.

3. Хроничен или токсичен стрес

Кога не се справувате со акутниот стрес и тој трае долго, со текот на времето ќе се претвори во хроничен стрес.

Коренот на овој проблем може да биде несреќен брак, лошо работно место, сиромаштија и слични животни проблеми.

Овој вид стрес е токсичен и опасен. Може да ви го наруши физичкото и менталното здравје, па дури и да предизвика рак, срцеви заболувања и дебелина.

Истражувањата покажале дека хроничниот стрес го зголемува и нивото на некои хормони во телото, кои имаат лошо влијание врз меморијата.

Понекогаш, причината за хроничниот стрес може да биде и тешкото детство. Во овој случај, најдобро е да се консултирате со професионалец.

Ако сте забележале дека секој ден животот ви станува покомплициран, тогаш време е да се справите со стресот. Не срамете се да побарате помош и направете ја потребната промена.