Штитната жлезда или тироидата е сместена на дното на вратот и е важна за правилното функционирање на телото, бидејќи произведува хормони кои влијаат на растот, енергијата и брзината на метаболизмот.Таа може да работи преслабо или пребрзо, а со тоа да создаде бројни здравствени проблеми, нагло дебелеење или слабеење и болести.

Постојат намирници кои помагаат за штитната жлезда и нејзиното правилно функционирање:

Јадете многу овесни снегулки, житарки, интегрален леб, тестенини и ориз.

Јадете храна богата со влакна.

Јадете и многу бадеми, лешници, јаткасти плодови и риба.