Без разлика колку и да се трудат лекарите и стручните лица да ги разоткријат митовите и да зборуват со факти, понекогаш како да “зборуваат на ѕид“. Овие се најчестите митови во кои не треба да верувате и најчесто се однесуваат на женското здравје.

1. Само лекар знае да ги прегледа градите
Во идеален случај да, но не трчајте кај него секоја недела. Еднаш годишно е доволно. Можете и самите да ги напипате своите грди, а штом забележите нешто чудно ќе знаете дека дошол мигот за задолжителна посета на лекар. За да направите добар самопреглед, побарајте на интернет има многу видеа.

2. Изостанок на менструација значи бременост
Не е точно. Причината може да биде и што сте почнале интензивно да се занимавате со спорт, или нагло сте ослабнале (сте се здебелиле). Исто така не треба да го исклучите и стресот – една од најчестите причини за изостанок на менструација.

3. Повреда на дојката доведува до рак
Овој прилично чест мит, научно не е докажан.

4. Бактериската вагиноза се јавува само кај сексуално активни
Лицата кои се сексуално активни имаат зголемен ризик, но тоа не значи дека ако сте здрави не можете да се разболите од бактериска вагиноза. Најчеста причина е претерната хигиена во интимниот предел како и носење премногу тесна облека. Интимните хигиенски гелови, сапуни па и водата (ако не е чиста) можат да предизвикаат воспаление.

5. Долгорочно користење контрацепција доведува до неплодност
Овој прастар мит за жал сè уште е жив. Но тоа воопшто не е вистина.

6. Сок од брусница лечи циститис
За такво нешто нема докази. Вистината е дека зголемено внесување течности ќе помогне телото да се хидрира и регенерира, а дали тоа ќе биде сок од брусница, чај од камилица или обична вода, сосема е сеедно.

7. Присуство на ХПВ значи рак на грлото од матката
Никако. Постојат повеќе од 100 видови ХПВ, но повеќето не доведуваат до оваа дијагноза.

8. Не може да се забремени во тек на менструација
Шансите се мали но постојат, бидејќи сперматозоидите можат да преживеат и до пет дена, а на некои жени плодните денови им почнуваат пред да заврши менструацијата.

9. Менопауза се јавува по педесеттата година
Воглавно ова е точно, но секоја стота жена се соочува со менопауза во четириесеттите години. Постојат ретки случаи каде менопаузата почнува во триесеттите години, па дури и во раните дваесетти.

10. Жените со големи гради имаат поголем ризик од рак
Причините за развој на рак се многу, вклучувајќи ги и лошите животни навики и прекумерна телесна тежина, но дека на развојот на рак ќе влијае и големината на дојките, никогаш не е докажано ниту споменато во научните кругови.