Постои мислење дека за мирен и квалитетен сон е доволно само да се испие шолја млеко. Но тое не е сосема точно. Млекото треба да се дополни со банана или некоја друга растителна намирница богата со триптофан, советуваат специјалистите за исхрана.

Триптофанот е животно важна амино-киселина која организмот не може да ја произведе сам, туку ја добива со консумирање млеко и одредени намирници од типот на банани, спанаќ, шпагети со сос од босилек, на пареа приготвен плав патлиџан или брокули, парче леб намачкано со путер од кикирики…

Ова е особено важно за нервозни лица кои страдаат од несоница.