Три години откако дојдоа приоритет им се реформите а нив ги нема, аерозагадувањето стана системски проблем, а тие се правдаат со немање на Правилник како би ги казниле загадувачите сметаат екологистите. Тие се на ставот дека инспекторите за животна средина се луѓе кои само земаат плата а својата работа не си ја извршуваат. Бетонско сивило на сите страни а за тоа некој дебело искеширал да се добие дозвола, од друга страна според еко активистите и локалната и централната власт само го нарушиа дополнително амбиеталниот воздух а со тоа и здравјето на граѓаните. Како е тоа возможно, инспекторските служби на градскиот татко, Шилегов да затаиле?

Градскиот инспекторат за животна средина на ставот дека општинските инспектори не напишале ниту една казна во однос на животна средина проблемот го правда со немањето на Правилник за гранични вредности кој е заглавен во Министерството за животна средина.

Советничката во општина Центар, Бети Дејанова појасни дека според нивното скенирање како потенцијални загадувачи ги спомена угостителските и индустриските објекти, како и Ромите кои што живеат на одредени локации во градот за кој вели дека со палењето на одредени материјали произведуваат токсични супстанци.

Како дополнителен проблем кој допринесува кон загадениот воздух советничката Дејанова го напомена и бетонското сивило на градот. Според нејзе новите ДУП-ови треба да бидат усогласени согласно ГУП-от така што ќе се води грижа повеќе кон зелените површини наместо градежни зафати кои допринесуваат кон загаден воздух. Според екологистите друг проблем кој допринесува перманетно кон загадувањето на воздухот се болниците во Чаир, Струмица, Куманово кои требаше да се гасифицирани пред почетокот на грејната сезона, па така според нив граѓаните и оваа година ќе дишат загаден воздух.