Природните производи како што се добри за исхраната, толку се добри и за нега на кожата. Еднаш на 10 дена применувајте пилинг од мед и шеќер, додадете кокосово масло или една до две капки сок од лимон и ќе добиете ефикасен домашен производ.

Маслата ја потхрануваат кожата, додека пак капките лимон ја прават нежна и блескава.

Измешајте една шолја шеќер со половина шолја маслиново масло и две лажички мед и мешајте за да добиете хомогена смеса. Овој пилинг можете да го користите и на лицето, но и на рамениците, деколтето, грбот, како и за масажа на целото тело.

Ако имате проблеми со акни, наместо маслиново, употребете кокосово масло. Доколку имате алергија на мед, слободно испуштете го од рецептот и на сметка на тоа додадете уште малку масло.

За антицелулитен пилинг, во смесата додадете две лажици кафе, масирајте со кружни движења, оставете да делува пет минути и потоа измијте со млака вода.