Летото е веќе зад нас, но ние со време мора да мислиме за следната сезона на плажа. Не сакаме да не фати зорт за добро тело некаде крај на Мај, па затоа зимава одма да се фатиме за работа.

А за тренингот да ни биде попрецизен, во продолжение ви пренесуваме мала анализа за тоа кој тренинг е поефикасен – пленкот или класичните стомачни вежби.

Споредуваме 250 стомачни кои се доволни да согорат пола кило сало (во комбинација со кардио) VS 10 секунди пленк, време кое е сосема доволно за траен белег на снагата и мускулите (подобро 10 пати по 10 секунди, него мачење од минута ипол).

Мускули – едно неделни вежби на стомачните мускули ја зголемува издржливоста на средиоте мускули на телото но не го намалува обемот на струкот. Пленкот пак, е поефикасен и директно ги напаѓа средичните абдоменални мускули и влијае во намалување на струкот.

Повреди – секој класична вежба за стомачни е ризик од повреда, затоа што го надминува дозволениот притисок на грбните и газните коски. Пленкот пак, го зајакнува средниот дел од телото и дополнително штити од повреди. Затоа спортистите се големи фанови на овој вид тренинг.

Погодок/промашување – со стомачните вежби креираме стомачни мускули но добиваме и болки во вратот и грбот, и плус имаме повеќе време потрошено во денот на тренинг кој пропорционално не дава доволно добри резултати. Пленкот пак, прави стомачни, рамена, газни мускули и грбни – без промашување

Победник – ПЛЕНК вежбата е дефинитивно подабар избор според сите параметри