Чајот од хибискус има впечатлива рубин-црвена боја и киселкаст вкус, кои во заедничка комбинација создаваат здрав пијалак, без разлика дали го пиете топол или ладен.

Ова се неговите бенефити:

Содржи полифеноли

Самата боја ја добива од полифенолот антоцијанин, кој го штити вашиот кардиоваскуларен систем, се бори против слободните радикали и против воспалителните процеси во телото.

Го намалува притисокот

Полифенолите играат важна улога во контролата на крвниот притисок и имаат бројни корисни дејства врз метаболизмот.

Здраво слабеење

Поради тоа што го забрзува метаболизмот и ги раздвижува цревата, вие на лесен начин ја преработувате храната и не дозволувате мастите да се „лепат“ на стомакот и бутините.

Штити од болести

Секојдневниот внес на чај од хибискус ќе ви помогне подобро да се заштитите од настинки и вирусни заболувања. Дури и кога сте болни, ви помага побрзо да оздравите.

Го контролира холестеролот

Постојат научни докази дека чајот од хибискус ги намалува липидите, односно мастите во телото, а со тоа помага и да се одржува здраво ниво на холестерол во телото.