Сокот од цвеклото се ценел како лек уште пред 4000 години, а и ден денес секогаш е на врвот од топ листата на супнамирници. Секако, има луѓе кои имаат потешкотии со желудникот и потешко го варат, а има и такви кои не им се допаѓа вкусот на “земја”.

Меѓутоа, тој толку е здрав и лековит, што го надокнадува малку “лошиот вкус”. Дополнително, секогаш можете да го подобрите со додавање на лимонов сок или мешавина од јабоков, лимонов и сок од морков. Прекрасна комбинација која подига и од “мртвите”.

Ова се 9 главни причини зошто треба сокот од цвекло да го пиете почесто:

1.Сокот од цвекло содржи пигмент беталаин кој има антиоксиданти и антивоспалителни својства. Благодарение на оваа состојка, овој сок спречува оштетување на клеточно ниво и ги елиминира слободните радикали од организмот.

2.Доколку имате тегоби со дигестијата, пијте го редовно овој сок. Истражувањата покажуваат дека сокот од цвекло помага да се исчистат цревата, а притоа им помага правилно да функционираат.

3.Благодарение на каротеноидите кои ги содржи, како што се лутеинот и зеаксантинот, сокот од цвекло е исклучително добар и за здравјето на вашите очи.

4.Сокот од цвекло го зголемува нивото на енергија, па на тој начин му помага на вашето тело подобро да реагира на вежбањето и физичката активност.

5.Една чаша сок од цвекло, ако се пие секојдневно, може да го намали и регулира крвниот притисок.

6.Овој сок го зголемува нивото на железо во крвта. Покрај тоа, содржи антиоксиданти кои помагаат во одржување на нормалното ниво на хемоглобинот. Овој сок исто така, ја подобрува циркулацијата.

7.Докажано е дека сокот од цвекло го подобрува имунитетот, а како резултат на тоа, вашето тело побрзо и полесно се изборува со инфекциите.

8.Благодарение на магнезиумот кој го содржи, сокот од цвекло може да го ублажи стресот и да помогне во закрепнувањето на мускулите.

9.Сокот од цвекло веќе со децении се користи како природен лек. Сепак, за најдобри резултати, добро би било сами да си го правите и да одбегнувате купечки варијанти.

Сокот од цвекло треба да се пие во количина не поголема од 100 мл дневно и тоа во траење од најмногу еден месец во континуитет.

После еден месец, треба да се направи пауза од 2 седмици, па доколку е потребно после паузата да се повтори консумирањето на сокот.

Сокот од цвекло секогаш треба да се пие додека е свеж. Ако приготвите поголема количина, се чува во фрижидер и најдобро е да се потроши во следните 24 часа, а најдоцна до 3 дена од приготвувањето. Со секое одминување на времето, сокот ги губи лековитите својства.