Крушката е здраво есенско овошје. Ширум светот се одгледуваат повеќе од сто видови од ова слатко овошје во форма на ѕвонче.

Круша со средна големина (околу 180 грама) има само 101 калории, но шест грама здрави влакна. Содржи 12 проценти од дневната препорачана доза на витамин Ц, четири проценти доза калиум, провитамин А, ниацин.

Крушите се богати со важни минерали како што се калиум и бакар, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и метаболизмот, како и работата на мускулите и срцето.

Во крушите, особено во кората, се наоѓаат важни антиоксиданти, кои ги штитат клетките од оштетување. Во кората нивната концентрација е шесткратна, па не ги лупете.

Одличен извор се на растворливи и нерастворливи влакна, кои се важни за здравјето на дигестивниот систем.

Крушите чија кора е делумно црвена, содржат и супстанци здрави за срцето и крвните садови, додека крушите во зелена боја лутеин и зеаксантин, кои помагаат во зачувувањето на видот.

Имаат малку калории, полни се со вода и влакна, па се добри за одржување на телесната тежина, а лесно се додаваат во диета затоа што можете да ги јадете свежи, во колачи, или дури во солени јадења со месо.