Пред сè, за овој тип на лекови треба да знаете дека не се контрацептивно средство и дека треба да ги консумирате во ограничени случаи и дека не смее да ви премине во навика.

Како што веќе ни е познато, пилулите познати како „ден потоа“ може да испијат непосредно по ризичниот сексуален однос, најдоцна 36 до 72 часови потоа. Но, некогаш се случува жената да остане бремена дури и кога испила ваков лек.

Во кои случаи е тоа можно?

Не сте го запазиле рокот

Многу е важно на фармацевтот да му објасните колку време е поминато од ризичниот сексуален однос, за да може да ви даде соодветен лек. Некои може да се испијат во рок од 72 часа, други и до пет дена. Според гинеколозите, ако веќе мора да испиете, направете го тоа во првите 12 часа.

Ви се слошило

Сосема е нормално организмот да не ја „свари“ пилулата и да ја исфрлите со повраќање пред да почне да делува. Ако тоа се случи, веднаш јавете се на лекар, за да ви препорачаат друг начин или да ви препишат уште една доза.