Вработените во ФЗОМ од подрачната единица во Скопје најавија штрајк. Тие се заканија дека во четврток ќе ги затворат шалтерите доколку не постигнат договор со Управата за повисоки плати, за што чекаат веќе две години. Членови на УПОС со ФЗОМ успеале да остварат средба.

Во врска со барањето за зголемување на платите беше договорено следново:

Да се разгледа можноста за корекција на бодовите за сите категории вработени согласно Законот за здравствено осигурување како и Правилникот за висина на платите, кое би започнало да се применува од почетокот на наредната година;

Да се провери можноста доколку постои остаток на средства до крајот на оваа година истите линеарно да се поделат на вработените;

Директорот на Фондот, Ден Дончев рече дека штрајкот не е начин за решавање на проблемите и незадоволството. Тој рече дека за три недели ќе се потруди да најде решение кое ќе им одговара на двете страни.

Вработените во ФЗОМ се жалат дека како административци се најмалку платени. Од синдикатот велат дека заедно со работодавците ќе побараат средба со Премиерот доколку не бидат исполнети нивните барања во одредениот рок.