„Штотуку откажав учество на конференција кај северниот сосед на „Северна”, заради пежоративноста на називот на нашата држава Македонија до моето име“ сподели на социјалните мрежи професорот по генетика на социјалните мрежи, Д-р Владимир Трајковски.

„Покрај моите напори да биде вратено вистинското име на нашата држава во кое за краток период и успеав, но поради официјалната политика на северниот сосед, повторно беше вратен пежоративниот назив пред името Македонија.

Ако можам јужните соседи и некако да ги разберам во нивните етноцидни намери, поранешните ЈУ народи не можам да ги сфатам. Изјавувам дека нема да учествувам на ниту една конференција кај поранешните ЈУ држави кои ќе го користат сложениот назив на мојата татковина, покрај моето име. Македонија вечна!“, напиша професорот.