Премиерот Зоран Заев до Собранието доставил предлог за нов заменик-министер за здравство на местото на Асим Муса кој си даде оставка откако медиумите во Албанија објавија видео дека зема мито.

Заев го предлага стружанецот Арменд Арслани, кој е роден во 1985 година.

Од неговата биографија може да се види дека тој од 2013 до 2014 година работел како доктор по општа медицина работел во Специјализираната болница за нефрологија во Струга, а од 2014 е специјализант по урологија на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.