30 нови доктори се потребни во брзата помош за да се одговори на повиците од страна на граѓаните.

Во функција се шест возила, иако имаше нови возила, сепак обемната работа ги доведе дел од возилата да се сервисираат. Едно возило во просек годишно поминува 300 илјади километри во Скопје.

Канал 5 доби фотографија од возило од брза помош каде задната врата од возилото е потпрено со даска, а роднините објаснија дека услвоите во возилото биле очајни од хигиена до безбедност во возилото.

Министерот Филипче објаснува дека најдобро решение е јавно приватно партнерство на брзата помош, каде приватниот сопственик ќе сноси одговорност пред министерството за здравство. Според него парите кои ги одредува фондот ќе било подобро искористени.

Од друга страна извори за Канал 5 велат дека овој проект не е добар, бидејќи трошоците ќе бидат многу повисоки за фондот. Физибилити студијата за јавно приватно партнерство во брзата помош беше најавена дека ќе биде завршена во октомври, но засега се уште ја нема.