Грижата за пациентите со дијабетес и обезбедувањето соодветна инсулинска терапија е нашиот врвен приоритет. – вели министерот за здравство Венко Филипче по повод денешниот ден кога се одбележува Светскиот ден против дијабетес.

Со укинувањето на паралелниот увоз на инсулин, сега пациентите имаат најквалитетна терапија. Сите лица на инсулинска терапија се соодветно снабдени со инсулин. – вели Филипче.