Овој еликсир делува како внатрешно, така и надворешно. Состојките за приготвување се лесно достапни, а тоа се пчелин мед, лимонов сок и маслиново масло.

Сите три намирници се многу лековити и здрави, но заедно во оваа комбинација создаваат вистински еликсир кој го спречува предвременото стареење.

Од оваа смеса доколку се консумира редовно, доаѓа до:

-чистење на внатрешните органи од секакви токсични таложења,
-се топат и раствораат песокот и камчињата во бубрезите,
-се подобрува работата на жолчката,
-црниот дроб се ослободува од токсините и започнува подобро да ја врши својата функција,
-кожата се чисти и блеснува,
-целиот организам доживува регенерација и подмладување.
-го јакне имунолошкиот систем
-ја прочистува крвта од токсини
-спречува многу заболувања.

Затоа неретко за овој напиток се вели дека е подмладувачки еликсир или еликсир на младоста.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл мед
100 мл лимонов сок
50 мл маслиново масло (ладно цедено девствено)

ПОСТАПКА:

Се мешаат сите состојки во една тегла додека да се спојат, бидејќи доколку не се меша или растресува, медот ќе се спушти долу, лимоновиот сок во средина, а маслиново масло ќе лебди на површината. Или едноставно ставете ги состојките во блендер и изматете ги, а пред секоја консумација добро промешајте и протресете.

Употреба: Се консумира по една лажичка на гладно, трипати дневно половина час пред оброк. За најдобри резултати треба да се консумира континуирано еден месец, двапати годишно.

За топење на песок и камења во бубрези:

Се мешаат цветен мед, маслиново масло и лимонов сок во однос 1:1:1.

Се консумира по една лажица од мешавината растворено во чаша топла вода, еден до два часа пред јадење.

Медот во оваа комбинација делува диуретично, детоксично, противвоспалително и го поттикнува имунитетот.