„Им се случи Чернобил, на сред Скопје, во Охис и не реагираат, а згора на се пробаа и да го сокријат“

Власта не може да купи чест, достоинство и доверба со некој денар задоцнето и премало покачување. Македонецот не се продава за рака денари кои природно му следуваат, и не плука…

Власта не може да купи чест, достоинство и доверба со некој денар задоцнето и премало покачување. Македонецот не се продава за рака денари кои природно му следуваат, и не плука врз предците. Треба да се биде реален и да се каже дека имаме реални порази како држава и премиер кој не се срами да носи порази. Погледнете ги само овие во последниве неколку месеци. Му ја зема Ципрас машната и како отсечен скалп се фалеше со нејзе, а пред некој ден Мицотакис го викна за да му каже дека промовира светски бренд дека Македонија е грчка, порача денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Среде Скопје во Охис им се случи Чернобил и не реагираат, а згора на се пробаа и да го сокријат. Наместо да донесат правда, гледаме секојдневно оној поранешен пратеник кој бараше полче, наместо да одговара пред законот секојдневно шета по телевизии и е главна звезда. Испраќа порака дека никој ништо не му може. Исто како и Ременски која наместо да биде повикана за Рекет, гледаме пресметка на параполициските структури во СДСМ кои наместо за правда се борат за себе си и да ги заштитат своите матни зделки. Но проблемот е што и судството е урнисано.“

-Кога така говорат за нивното надградено Сваровски судство во Луј Витон правосудство ќе помислите овие луѓе не се три години на власт, туку само што дошле. Па демек министерката Дескоска била револтирана за застарените предмети во судството, ама кога ќе им треба истото тоа судство да испорача некоја одлука под маса, тогаш власта е најзадоволна. Нивната тактика е тие да удираат по судиите, а овие да молчат бидејќи сакаат да го амортизираат незадоволството од неспобноста и подземните игри кои ги прават. Ама не може да се амнестираат од фактот дека не донесоа правда. Не може да се прават дека не се одовде. Демек Џолев не чинел, а овој е прв на сите нивни приеми и има исти ставови како и власта. А што е со Кацарска, Рускоска кои се ороводци на овој трул и корумпиран судско обвинителен систем. Нели до вчера се фалеа дека прават реформи со советот на чие чело е Заев, нели до вчера Заев ќе го отвораше судството како пупка, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.


Related Articles

Be the first to write a comment.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *