Истражување спроведено на Оксфорд открива дека мажите не созреваат додека не наполнат 40 години.

Веројатно многупати сте слушнале дека мажите дури и кога ќе пораснат, продолжуваат да се однесуваат како деца. Постои и верување дека во машко-женските односи жените секогаш преземаат одговорност и се однесуваат позрело. За ваквите тврдења, научниците од Оксфорд имаат објаснување.

Истражувањето имало за цел да ги проучи разликите во зрелоста во развојот на мажите и жените. Кога ги споредиле резултатите, извеле заклучок за можните разлики.

Целта на истражувањето било да се открие кои функции на мозокот се менуваат во текот на созревањето, а кои остануваат исти. За таа цел се користела магнетна резонанца, за да се прегледаат активностите на мозокот на 121 учесник, на возраст од 4 до 40 години.

Резултатите покажале дека иако мозокот на мажите има ист потенцијал за функционирање во секојдневието, мажите многу често покажуваат одредено одложување во долгорочниот развој на функционалните мрежи во споредба со жените.

Тоа може да трае околу 40 години, се наведува во резултатите, важно е да се нагласи дека жените порано покажуваат разлики во овие функционални мрежи.

Професорот Едуардо Каликсто објаснува дека иако мажите имаат поголем мозок од жените, жените често покажуваат подобра ефективност и се поостри во неколку аспекти. Тоа се случува поради хормоналните разлики.