Во скопскиот центар за јавно здравје од денеска почнаа со вакцинација против грип. Но на скопјани им се достапни само комерцијалните вакцини што ги набавува Центарот и кои годинаца чинат 650 денари.

Епидемиолозите велат дека вакцината е четиритипна и штити од четири типа на вирус.

Ја препорачуваат на хронично болни но и на лица кои поради работата се во контакт со многу лица.

Бесплатните 28.000 вакцини што ги набавува Министерството за здравство се уште не се стигнати и надлежните очекуваат да пристигнат наредната недела.

Тие се без пари за пензионерите над 65 години, хронично болни, трудници и деца до 5 години. За бесплатните вакцини за кои граѓаните че закажуваат преку „Мој Термин“, ќе има и дополнителни пунктови во три скопски поликлиники.