Влажните марамчиња се „вистинско откритие“ за многумина, а се користат за чистење, бришење на лицето, наместо тоалетна хартија, за освежување во топлите летни месеци и сл.

Но, дали некогаш сте се запрашале што навистина содржат и дали можат да влијаат на нашето здравје ако ги користите речиси секојдневно?

Содржат токсични состојки – некои влажни марамчиња можат да содржат токсични состојки, па затоа е важно да ја прочитате декларацијата. Извештајот на Ројтерс вели дека влажните марамчиња можат да предизвикаат ос*п, што може да биде многу б*лно. Некои марамчиња содржат MCI (метилхлороизотиазолинон) што може да предизвика иритација на кожата.

Ги прошируваат ба*териите по површините – ако сте „собрале“ ба*терии со влажното марамче од една површина и избришете друга, лесно ќе ги пренесете.

Тие ја загадуваат животната средина – поради пластичните влакна што ги содржат, повеќето влажни марамчиња не се целосно биоразградливи.