На амбалажата на одредени производи за јадење има јасно наведен рок на траење, но тоа не значи дека сите треба да се најдат во ѓубре по тој датум.

Многу видови храна и пијалоци немаат рок на траење и безбедни се за консумирање, ако биле чувани во соодветни услови до моментот на користењето.

Тоа е на пример медот, без разлика дали се кристализирал или ја променил бојата. Археолозите во древни египетски гробници имаат најдено мед стар илјадници години што уште може да се јаде.

Јаболковиот оцет има многу поволно дејство на организмот, претставува природен лек против болка и е одлично средство за чистење кој исто така нема рок на траење.

Рок на траење нема ни пченичниот скроб, под услов да го чувате во затворен сад на ладно место.

Солта исто така не може да се расипе, без разлика колку долго стоела неупотребена, секако ако сте ја чувале на суво место.

Водка, рум, виски и други жестоки пијалаци исто така не може да се расипат, ако се чувале неотворени, во спротивно може да оксидираат и да изгубат на структура и вкус.

Рок на траење немаат и оризот, екстрактот од ванила и јаворовиот сируп кои треба да се чуваат на суво, ладно место, далеку од директна сончева светлина.