Во новото истражување кое опфатило повеќе од 2 милиони луѓе од пет земји (Данска, Финска, Шведска, Израел и Австралија), утврдено е дека околу 80 отсто од ризиците за развој на аутизам доаѓа од наследените генетски фактори, а не од „надворешни“ влијанија.

„Каде и да погледнавме, во пет различни примероци, видовме дека се најважни генетските фактори“, рекол авторот на студијата Свен Сандин, статистичар и епидемиолог од шведскиот институт на Каролинска Институт.

Тоа би можело да звучи изненадувачки за мајките и татковците кои со години ја читале приказната нагласувајќи ги можни фактори на ризик од нечистиот воздух до претежно дискредитираната, (но трајна) хипотеза за вакцините.

Еве што треба родителите да знаат.

Гените се најголем фактор на ризик, но сѐ уште има мнгу прашања за тоа кои гени се точно тие.

Во новото истражување објавено во JAMA Psychiatry, Сандин и неговите коавтори користеле модели за анализа на податоците за популацијата од пет земји кои вклучувале повеќе од 2 милиони луѓе, од кои повеќе од 22.000 се дијагностицирани со аутизам.

Набљудувањето на резултатите меѓу членовите на семејството и нивното одмерување од факторите како што се заедничко опкружување и нивните специфични генетски врски довеле до заклучок дека наследените гени сочинуваат околу 80 отсто од ризиците од аутизам кај децата со пореметување.

Тоа е во голема мерка во согласност со сличните неодамнешни истражувања кои покажале дека гените се главен фактор кој придонесува за ASD. Меѓутоа, она што е важн во оваа нова студија е нејзината големина.

„Она што е огромно во оваа студија е бројот на деца во дел од светот кои биле вклучени – 2 милиони луѓе – голем временски период, 16-годишно следење“, изјавил за HuffPost д-р Венди Сју Свансон, педијатар од Сиетл, кој не работел на студијата. Секако, научниците со децении знаеле дека генетиката придонесува за ASD. Но сега кога се борат со прашањата колку е значаен факторот на наследноста, постои сѐ поголем притисок да се одреди кои специфични гени придонесуваат на кои специфични начини.

Тоа не значи дека факторите кои можат да се менуваат немаат влијание.

„Сѐ уште не ги знаеме другите 20 отсто“, рекол Свенсон. Иако во научната литература често се нарекуваат „надворешни“ влијанија, тие фактори ги надминуваат работите како што се потенцијалните влијанија од изложеноста на хемикалиите на веројатноста од развој на аутизам.

Засега, студиите се во тек. Само што истражувачите од областа на аутизмот и педијатрите не можат да кажат: „Ако избегнувате XYZ, ќе го намалите ризикот од развој на аутизам кај децата.

Десетгодишното истражување го потврдило следното: МРП вакцината не предизвикува аутизам. Во воведникот кој ја следел новата студија, тим од трјца стручњаци за аутизам и психијатрија изјавил дека медиумите непропорционално се сконцентрирале на работите кои можат во одредена мерка да ги контролираат. Но тоа можеби придонело за погрешно искривено чувство колку природата наспроти грижата и негувањето придонесува за ризик од аутизам.

„Погледнете каде се наоѓаме моментално со довербата во вакцината против сипаници, заушки и рубеола и погледнете каде сме со епидемиите затоа што постоеја погрешни обвинувања, дезинформации кои со децении ги наведуваа родителите да веруваат дека вакцините предизвикуваат пореметувања од аутистичен спектар.

Свесноста за семејниот ризик може да помогне во раната интеврнеција. Очекувањата на родителите кои знаат дека имаат некоја семејна историја на аутизам би можеле да земат предвид разговор со генетски советник ако се загрижени, рекол Свансон.

Да се биде свесен за семејната историја и како би продонело тоа за ризикот од аутизам на детето исто така може да им помогне на родителите и педијатрите да вниамваат на раните знаци на аутизам кои ќе се појават.

Истражувањата јасно покажуваат дека раните интервенции, кои можат да почнат веќе на возраст од 2 години, можат да помогнат во подобрувањето на физичките, амоционалните и комуникациските вештини.

„На некое ниво чувствувам како да треба да бидеме утешени од овие наоди. Затоа што аутизмот речиси се објаснува… не станува ззбор за тоа што прават родителите правилно или погрешно“, вели Свенсон. „Тоа во голема мерка се темели на детскиот генетски систем“.