Со два багери се копа во Вардар во населбата Керамидница, веднаш зад зградата на Фондот за пензиско осигурување.

Се чисти речното корито или се вади песок за продажба е прашање кое се отвори откако веќе некое време локалното население реагира копањето во Вардар.

Првиот човек на град Скопје, Петре Шилегов вели дека одржувањете на речно корито на реката е нивна обврска и затоа не треба да побара дозвола од Министерството за животна средина.

Од инспекторатот за животна средина велат дека по пријава од граѓани нивни инспектор излегол на терен. Инспекторот на 13 ноември бил спречен да направи увид од фирмите кои работеле. Наредниот ден по направената контрола е изречено решение за забрана за копање повикувајќи се на член 142 од Законот за води кој вели дека вадење на песок , чакал и камен од коритата и бреговите се врши врз основа на дозвола.

Бидејќи не е постапено, инспекторатот пријавил во обвинителството и во МВР.

Чистењето на коритото на Вардар е во годишната програма на град Скопје, а Шилегов најави дека откако ќе се исчисти коритото кај Керамидница , со чистењето ќе продолжат кај Хотел Русија.