Доцните вечери и генерално тешките оброци во ноќните часови може да го загрозат кардиоваскуларното здравје на многу жени, сугерира новото истражување.

Истражувачите од универзитетот Колумбија во Њујорк откриле дека оние кои консумирале повеќе калории доцна навечер имале поголем ризик од срцеви болести.

Еден кардиолог кој ја водел студијата не бил изненаден од резултатите, пишува „Health24“.

– Начинот на кој метаболизам, циркадијалниот ритам, циклусот на кортизол и инсулин дејствуваат, не поддржува тешки оброци во доцните вечерни часови. Не само што нашите тела не се способни за варење во доцните часови, ние исто така сме и мобилни ноќе, па така калориите што ги јадеме не се трошат како енергија – рекла Евелина Гравер, која управува со Одделението за коронарна нега во Универзитетската болница Норт Шор во Њујорк.

Најновата студија опфатила 112 жени, во просек на возраст од 33 години, чие здравје на срцето било оценето на почетокот на студијата, а потоа и една година подоцна.

Жените на почетокот на студијата бележеле што јаделе една недела, а исто така воделе евиденција за тоа што јаделе седум дена, 12 месеци подоцна. Повеќето жени јаделе по 18 часот и оние доцна во текот на вечерта внесувале повисоко ниво на дневни калории обично имале полошо здравје на срцето, утврдиле истражувачите.
Всушност, со секој пораст на внесот на калории по 18 часот, здравјето на срцето во склад со тоа се влошувало.

Поточно, жените кои консумирале повеќе дневни калории во текот на вечерта, имале поголема веројатност да добијам висок крвен притисок, повисок индекс на телесната маса и полошо долгорочно контролирање на шеќерот во крвта.

Слични наоди имало со секое зголемување на дневните калории од еден отсто, по оброк после 20 часот, покажало истражувањето на кардиолозите.

Досега, животните пристапи за спречување на срцеви заболувања се фокусираа на она што јадеме и колку јадеме, а не на фактот кога јадеме. Добрата вест во оваа студија е дека одложувањето на доцната вечера и едноставно менувањето на однесувањето во исхраната може да помогне да се намали ризикот од на срцеви заболувања, истакнале истражувачите.

Калориите се моментална енергија. Секогаш ги советуваме пациентите да јадат помалку храна, мала количина јаглехидрати и рано да вечераат. Ако водите сметка кога и што јадете, како што покажува студијата, тоа може да има големо влијание врз општата состојба на кардиоваскуларниот систем, заклучиле кардиолозите.