Од утре во вакциналните пунктови во Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров тимовите ќе боцкаат и со бесплатните вакцини против грип. Во секој пункт ќе има по 800 дози кои се наменети за пензионерите, хронично болни, трудници и деца до 6 година. Иако бројката на оваа популација е огромна, министерот за здравство вели дека набавката ја направиле согласно интересот од лани.

Но доколку има голем интерес Филипче најави дека ќе побараат донација. Со бесплатни вакцини ќе има боцкање и во центрите за јавно здравје. Преку Мој Термин досега закажале околу 6000 граѓани за кои се наменети бесплатните вакцини. Тимовите во дополнителните пунктови ќе бидат дополнително платени.

Дали министерот Филипче е загрижен за вакцинирањето против грип годинава? Дали вакцините за грип се со подобар или со ист квалитет како тие од лани? Колкав степен на смртност очекува Филипче годинава, знаејќи дека лани починаа 29 лица од овие вакцини? Тоа што се набавуваат вакцини со донации не е позитивен момент, граѓаните се загрижени и поставуваат прашања до министерот Филипче.