Ни дадоа терапија само за пет дена и ни рекоа дека со донација ќе се обезбедат дополнителните дози од лековите потребни за хронична миелоична леукемија, велат пациенти на клиниката за Хематологија кои се соочуваат со оваа тешка болест.
Во одговорот од Клиниката ни посочија дека има доволни количини од лекот.
-Клиниката  располага со потребни месечни количини на лекот Иматиниб за сите пациенти заболени од хронична миелоична леукемија. Допонително, Ве информирам дека на 22.11.2019 година ќе биде отворен тендерот за набавка на оваа терапија со кој ќе се обезбедат однапред потребните количини на лек за оваа група на пациенти за период од 2 години. Во моментов, ниту еден пациент не е оставен без потребна терапија.

Недостигот на лекови се јавил поради пропаѓање на два тендери на кои веледрогериите понудиле премногу висока цена. Како што неофицијално дознаваме, на јавното наддавање двете фирми кои се пријавиле воопшто не наддавале, туку понудиле превисока цена, наместо 60 денари по таблета колку што било на претходните тендери, тие побарале 1.500 денари.

Во средата им била дадена терапија на пациентите, но само за оваа недела. Неофицијално клиниката добила дозвола од Бирото за јавни набавки тендерот да се спроведе со договарање во четири очи, за да се спречи  повторно да пропадне.

Штом има дозвола од бирото за јавни набавки, дали Филипче и овој тендер ќе го „спакува“ за сопствени потреби и преку грбот на лицата со ретки болести ќе заработи десетоструко? Кога ќе почне да се води грижа за лицата со ретки болести? Кога ќе започне Филипче да гледа нечии друг интерес освен својот? Прашуваат лицата со ретки болести, гледајќи ги реакциите на министерот во поглед на потребните лекарства на оваа категорија на граѓани.