Не можеме да закажуваме термин за пациентите да примат вакцина против грип, реагираат денеска општите матични лекари. Министерот за здравство Венко Филипче, пак вчера најави  дека за оваа сезона вакцина против грип ќе се прима само со закажано преку матичниот лекар или преку Мој термин.
Пациентите пак гневни, поблеми имаат и службите кои им ја даваат вакцината.
-Денес одат кај матичната, и ми вели нема термин, не можам да ви закажам. Јас имам 71 година и хронична белодробна болест. Имам препорака од специјалист да ја примам вакцината. Еднаш се разболев од грип, ми удри на плуќа и не можев да се опоравам месец и пол, вели граѓанин кој го затекнавме во Центарот за јавно здравје во Скопје.
Од службата пак велат, дека не можат да примаат пациенти без упат.
-За краток период утрово морав да вратам повеќе од десет пациенти кои само не знаеле дека треба да одат на матичнен. Други пак доаѓаат да си ја пробаат среќата зошто матичните им рекле нема термин, велат од Центарот.
Филипче вчера информарираше дека од денес почнува бесплатното вакцинирање против сезонски грип за лица на 65 години. Тој рече дека се набавени 28.000 вакцини, кои се бесплатни и наменети за: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени и здравствени работници
Центрите за јавно здравје набавија 21.000 комерцијална вакцина, која веќе е достапна за граѓаните од минатиот петок или од 15 ноември.
Покрај 10-те центри за јавно здравје, вакцинацијата  се спроведува и во трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот дом во Скопје.