Од неофицијални извори во нашата редакција пристигна информација дека во текот на минатата вечер и неколку вечери претходно кога температурите се спуштаат пониско и кога на пациентите им е потребна најмногу топлина, нега и грижа директорот на ЈЗУ

Психијатриската болница “Скопје” сместена во атарот на село Бардовци, м-р Ќамиљ Ковачи, спроведува мерки на штедење со тоа што во доцните вечерни часови и рано наутро не го пушта парното, а пациентите, болните, нивните блиски и медицинскиот персонал смрзнуваат и не можат да се згреат.

Дали се ова новите мерки на штедење на новата власт?

Се повикува директорот на ЈЗУ Психијатриската болница “Скопје” м-р Ќамиљ Ковачи да се произнесе по однос на овие информации кои што во нашата редакција дојдоа врз база на реакција од роднини и блиски на болните кои престојуваат таму.