Зошто треба да јадете млад кромид?

Освен што е одличен додаток во многу јадења поради својот карактеристичен мирис и вкус, младиот кромид е многу здрав бидејќи изобилува со витамини, минерални и антиоксиданси.

Освен што е одличен додаток во многу јадења поради својот карактеристичен мирис и вкус, младиот кромид е многу здрав бидејќи изобилува со витамини, минерални и антиоксиданси.

Содржи витамини А, Ц, К, како и витамини од групата Б.

Со оглед на фактот дека е сиромашен со калории, тој е одличен избор за оние кои внимаваат на витката линија на телото.

Иако може да го подготвувате на разни начини, за максимално да го добиете он ашто тој го нуди, најдобро е да го јадете суров заедно со долгите зелени листови.

Сулфурот во младиот кромид го намалува ризикот од настанување на коронарни срцеви заболувања. Витаминот Ц со кој изобилува, придонесува за намалување на холестеролот и крвниот притисок.

Алил сулфидот кој го има во него, значително го намалува ризикот од појава на тумор или карцином, а особено е силна заштита против ракот на дебелото црево.

Младиот кромид содржи и флавоноиди кои се моќни сојузници полни со антивирусни и антибактериски својства, односно е одличен природен лек против настински и грип.

Поради витамините А и Ц, младиот кромид го зајакнува имунитетот, го штити организмот од инфекции, воспаленија… добар е и за намалување на шеќерот во крвта.

Зелените листови покрај тоа се добри за намалување на притисокот и воспалувањето на грло, одлични се за намалување на стресот и чувството на замор.


Related Articles