Охриѓани повторно започнуваат со хуманитарни акции за помош на нивниот сограѓанин Трајан Целески-Тачо
Пред две години тој успеа да се избори со туморот Астроцитома, но за жал болеста се повтори. Итно се потребни средства за операцијата која е закажана за 30.11.2019 година.

Охриѓани повторно најавуваат повеќе акции, со цел да се соберат средства за неговото лекување.

Сите хумани луѓе можат да донираат на трансакционата сметка 500600018999581 или директно во просториите на Црвен крст.