Во текот на расправата на комисијата за финансии и буџет, бранејќи ги ставовите на народот и залагајќи се за потребните промени во здравството, како и предочувајќи ги утнатите проекти и неуспешните реализации на оваа власт, пратеникот Ванковер Манчев, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ директно и реплицираше на колешката Шахпаска од СДСМ, поставуваше прашања, бараше оправданост за така големиот предвиден буџет, едноставно прашуваше наместо народот, бараше одговори за како и на кој начин се предвидува да се трошат народните пари од оваа ненародна власт. Колешката Шахпаска не само што не посегна да даде туку и немаше одговор на ниту едно поставено прашање или изнесен став.

Каква влада – Такво здравство!

Во буџетот беа предочени само празни бројки за здравството, без при тоа да се има концепт на кој начин нештата ќе функционираат во рамките на здравствениот систем. Налик на изјавите во текот на вчерашниот ден на министерот за здравство, Венко Филипче, кој изјави дека се трошат многу средства за реагенси по лабораториите и според неговите пресметки 6 милиони евра повеќе отколку што е потребно и поради тоа тој сака да направи јавно – приватно партнерство, но за жал не знае како, бара начини, нема идеја. Но, затоа пак во буџетот ставките се полнат, нека има, подобро повеќе отколку помалку, генералниот став на оваа власт.

Дали ќе има јавно – приватно партнерство? Дали ќе има централизација на стерилизацијата и на лабораториските реагенси…и ако е така кога? Пратеникот Ванковер Манчев ги постави прашањата, останува сега на власта, министерот Филипче и останатите буџетари да дадат одговор како и каде планираат да ги трошат народните пари, пред тие да завршат по нечии џебови.