Сојуз на стопански комори: За компаниите ова беше една од најлошите години

Годинава за компаниите е една од најлошите години, се жали бизнис заедницата. Рекордно најмалиот приход кој ќе го оствари приватниот сектор ќе резултира и со исто така намалени приходи во…

Годинава за компаниите е една од најлошите години, се жали бизнис заедницата. Рекордно најмалиот приход кој ќе го оствари приватниот сектор ќе резултира и со исто така намалени приходи во државната каса по основ на даноци. Главен проблем во 2019 – та година за стопанството бил одржувањето на ликвидноста. А за повеќе децениската мака на стопанството, сивата економија и натаму бизнисмените велат дека нема лек, пренесува Алсат.

–За компаниите можеби ова е и најлошата година во која прикажале дека имаат најмали добивки. За сивата економија со која што конзистентно апелираме дека треба да се бориме сите чинители во општеството, главната улога ја има УЈП. И секако доследна примена на Законот за нерегистрирана дејност – рече Данела Арсовска, претседателка на Сојуз на стопански комори.
Директорката на УЈП Сања Лукаревска вели дека со помош на следење на сите модерни текови ќе се намали стапката на сива економија во земјава. Таа најави надградба на софтверски системи и нови мерки во борбата против работата на црно која „ јаде“ една третина од економијата на Македонија. Сепак Лукаревска се надева дека управата во иднина нема да биде репресивниот орган од кој се плашеше стопанството – туку ќе прерасне во партнер на фирмите.

–Мал сегмент во намалувањето на сивата економија е исто така и мерката „Мој ДДВ“. Контролираме, постапуваме по барање на сродни институции. Ќе ги надградуваме нашите софтверски и хардверски решенија во управата, и се надеваме дека сме на прав пат – рече Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.
Бизнисмените не очекуваат состојбата да се подобри догодина со образложение дека на пролет земјава ја чека изборен период а тоа значи замрзнување на економската активност. Власта 2019 – та ја најавуваше како економска година, но податоците на бизнис коморите на крајот даваат спротивна слика.


Related Articles