Добро е познато дека темното чоколадо има бројни предности, но научниците од “University College London” дошле до едно интересно откритие.

Имено, “Men’s Journal” пренесува дека, според зборовите на научниците, темното чоколадо содржи психоактивна состојка која создава исто чувство како и користењето на канабис. Станува збор за фенилетиламин, невромодулатор кој помага во регулирање на расположението.

Во склоп на студијата спроведена на 13.626 лица, оние кои изеле само 15 грама темно чоколадо имале 70 отсто помала веројатност да пријават симптоми на депресија. Освен тоа, својствата на темното чоколадо кои се слични на канабиноиди создаваат сличен вкус, тврдат од лондонскиот универзитет.

Сложените комбинации на флавоноиди во темното чоколадо можат да помогнат во борбата против депресијата. Авторката на истражувањето, д-р Сара Џексон, пишува дека истата “пружа некои докази дека консумирањето на чоколадо, особено темно, може да ги намали симптомите на депресија”.

Меѓутоа, таа додала дека се потребни дополнителни истражувања за да се разјасни ваквата причинско-последична врска.

“Би можело да се случи депресијата да предизвика губење на интерес за консумирање на чоколадо помеѓу луѓето, а можеби постојат и некои други фактори поради кои луѓето помалку консумираат темно чоколадо”, додава Џексон.

Сепак, мора да се напомене дека не треба да се претерува со чоколадото – консумирајте го во нормални количини и тоа нека ви биде десерт со кој ќе се почестите по здравиот и избалансиран оброк.