Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7,4 % и изнесува 5 374 живородени деца.

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2019 година бележи зголемување од 2,2 % во споредба со истото тримесечје од 2018 година и изнесува 4 701 лице, а од нив 14 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 673, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0.2 % во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 4 302 бракови.

Во ова тримесечје од 2019 година се регистрирани 385 разведени бракови, што претставува зголемување од 12,2 % во споредба со истиот период од 2018 година.