Изградбата на Новата штипска Клиничка болница повторно е во застој. Грчката компанија „Интеракт“ од летото побарала ревидирање на проектот за електронскиот и машинскиот дел. Државниот секретар во министерството за здравство, Владимир Милошев вели дека повторно се пробиени роковите од динамичниот план за изградба на болница. Смета дека наскоро ќе тргне изградбата, со давање на согласноста од Владата на ревидираниот проект.

За изградбата на овој објект предвидени се пари и во буџетот за 2020 година, а Министерството за здравство на располагање ќе има рекордни 120 милиони евра.

Ова е четврт застој на изградба на новата клиничка болница за источниот регион, која треба да го добие приматот на насјовремена. Според претходните планови првата фаза од болницата требаше да заврши лани, вкупната вредност е 30 милиони евра. Претходно нејзината изградба се стопираше поради проблемите со подизведувачот, штипски Бетон, кој веќе оди и во стечај. Во стечајната постапка пријавени се 580 доверители кои бараат дел од имотот на поранешниот градежен гигант.