Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, сѐ уште е хоспитализиран во градската болница „8-ми Септември“, каде беше однесен на 26. месецов по упат на затворскиот доктор во Шутка.

– Тој е сместен е во апартман во одделението за интензивна нега заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба. Лицето Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здраствена кондиција, а во установата останува сѐ додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања – вели директорот на болницата, Христијан Костов додавајќи дека е планирано Боки 13 да биде отпуштен од болница најкасно на 2 декември, во понеделникот, а тоа е еден ден пред да стартува судскиот процес за „Рекет“.

На 3 декември, Јовановски од затворот во Шутка, а Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, од нивните домови, треба да бидат спроведени во Основниот кривичен суд во Скопје на првото рочиште за предметот во кој се обвинети.