Секојдневното консумирање на храна од најразлична амбалажа направена од широк спектар на синтетички хемикалии може да го наруши здравјето на луѓето, велат научниците.

Со текот на времето, соединенијата во пакувањето завршуваат во храната која луѓето ја консумираат, што може да доведе до акумулација на токсини во организмот.

Студијата објавена во весникот The Journal of Epidemiology and Community Health, предупредува на потенцијални штетни ефекти која долгорочната изложеност на таквите соединенија може да ја има врз здравјето.

Некои од тие се формалдехиди, фталати, бисфенол А, контроверзни хемикалии кои се поврзани со ризик од карцином и други хронични заболувања.

Треба да се напомене дека сите соединенија се присутни во амбалажата до степенот пропишан со одредбите, но авторите на студијата посочуваат загриженост поради долгорочната изложеност на тие соединенија, нивна акумулација и влијание врз органските системи.

Авторите на студијата, исто така, предлагаат проценки низ целата популација и метод на биомониторинг за да се утврди поврзаноста помеѓу соединенијата присутни во амбалажите и ризикот од дијабетес, дебелина, карцином и други хронични заболувања.