Навиката на сите ни е откако ќе го испиеме кафето веднаш да ја измиеме шолјата, без да знаеме дека талогот може да го употребиме на повеќе начини во домаќинството или како козметички производ.

Еве како може да го користите:

– Ставете го во фрижидер, против непријатни миризби

– Користете го како пилинг за кожата, бидејќи и ги отстранува мртвите клетки и има антицелулитно дејство

– Оставете го во делови од домот каде се појавуваат мравки и мушички, тие бегаат од кофеинот

– Нанесете малку на гребаници на мебелот од дрво и потоа пребришете со памучна крпа. Талогот ќе ги обои вдлабнатините и ќе ги направи помалку видливи

– Користете го како средство за масажа на нозете за подобра циркулација