Според готвачот Ник Биц, најдобра вечера е тврдо вареното јајце, кое ќе ви обезбеди доволно протеини и ќе ви овозможи во текот на ноќта да ви овозможи рамнотежа на шеќерот во крвта.

Тој за магазинот „Well+Good“ изјавил дека протеините од јајцето всушност помагаат подобро да спиете во текот на ноќта. Вареното јајце содржи 6 грама протеини, што е доволно за да се одржи здравиот баланс во текот на ноќта.

Други алтернативи се и голема чаша јогурт, една шолја печена леблебија или индиски ореви. Трикот е во тоа протеините да ги внесете преку здрави и квалитетни намирници.

Голема грешка е ако пред спиење внесувате полномасни млечни производи. Наместо тоа, пијте обезмастен јогурт или кефир, како и млеко со ниска масленост. Ако сепак се решите за јајца за вечера, обидете се да бидат варени или во вид на омлет подготвен на сосема малку масло.