Со наближувањето на зимските денови на дневен ред се враќа загаденоста во Скопје и повеќето градови од државава. Така беше во првиот бран на почетокот од месецот кога енормно загаден воздух беше измерен дури во четири градови од Македонија на чело со престолнината Скопје, во Битола, Куманово и Тетово. Тие се најдоа меѓу најзагадените десет градови во светот.

Како еден од поголемите загадувачи, од експертите е посочен сообраќајот, посебно во Скопје, каде од 517.023 регистирани возила во земјава дури 80 отсто гравитираат во главниот град. Меѓу овие возила се врти бројка од околу 250.000 увезени половни возила, со што можноста за поголема емисија на штетни гасови е пореална. Според податоците од МВР, 294.735 возила се со дизел мотор, 218.554 со бензински и 12.111 со плин или други деривати како погонско гориво.

 

“Декарбонизација на мотор” е чистење на внатрешноста на моторот од наслаги на гареж. Со овој револуционерен систем на чистење се отстрануваат наслагите од вентилите, ѕидот на цилиндерот, челото на клипот, свеќици, дизни, карики итн.

По направената декарбонизација се враќаат перформансите на моторот: поголема сила и вртежен момент на моторот, помирна работа на моторот, има намалена потрошувачка на гориво, драстично намалување на издувните гасови и продолжен век на траење на моторните делови.

Особено се истакнуваат придонесите од оваа постапка од кои најважно е намалувањето на издувните гасови за 70-80 отсто, а со тоа и почистиот амбиентален воздух во нашата животната средина.