Многу луѓе често доцна се тестираат за ХИВ. Во многу случаи инфекцијата е веќе присутна повеќе години. Колку повеќе време поминува, толку потешко е терапијата да биде успешна.

Зошто многу луѓе предоцна прават ХИВ-тест? Често причина е стигмата која сѐ уште е поврзана со болеста. Многу луѓе на возраст од 50 до 60 години често имаат страв дека ќе бидат дискриминирани и погрешно сфатени доколку тестот им е позитивен.

Во основа има две групи на луѓе кои прават ХИВ-тест подоцна во животот. Едните бидејќи релативно скоро добиле ХИВ-инфекција, а другите се подолго време инфицирани со ХИВ.

Има луѓе на возраст помеѓу 50 и 60 години кои во подоцнежните години сакаат да имаат „слободен љубовен живот“ и често менуваат партнери. Тоа се пред сѐ мажи кои одат на одмор во странство, најчесто во Африка или Азија, каде доаѓаат во контакт со локалните мештани, а овие земји сѐ уште имаат највисока стапка на инфицирани со ХИВ во светот. Без соодветна заштита, инфекцијата со ХИВ многу лесно се пренесува.

Често доказите за ХИВ-инфекција се толку јасни што прегледот е неизбежен, а дијагнозата е само потврда. Симптомите, на пример, може да бидат некаков тип на тумор на кожа или херпес зостер. Исто така, може да се појават и проблеми со бубрезите, црниот дроб или очни болести. Во некои случаи може да се развие и тешка пневмонија.

Добра заштита од ХИВ инфекција сѐ уште е презервативот. Дополнително има и ПрЕП (Pre-exposure prophylaxis). Во таков случај луѓето земаат два лека во една таблета. Со ваква добра терапија инфекцијата може да се спречи до 95%. Најважно од се е дека луѓето не треба да се плашат дека ќе бидат стигматизирани.