Речиси девет илјади луѓе му пишаа на Њујорк тајмс за да ги споделат своите искуства од прекинувањето на долготрајното користење анти-депресивии како што со Прозак, Золофт и слични. Чувство на слабост, главоболки, вртоглавици, „како да имаш грип“, ноќно потење, тремор, напади на паника.

  • „Ја намалив дозата од 200 милиграми на 100, но доживеав ужасни нус-појави: гадење, потскокнување на телото а и многу плачам. А никогаш не плачам! Имам речиси 75 години и мислам дека е продолжам со старата доза бидејќи не можам да го поднесам одвикнувањето“, гласи едно вообичаено искуство на читател на американскиот медиум.

Една недела порано, Њујорк Тајмс објави анализа според која 15,5 милиони Американци земаат анти-депресиви повеќе од 5 години а дури 25 милиони се на такви лекарства барем две години. Тоа е 8% од вкупната популација на САД.

Корисниците признаваат дека во епизодите кога страдале од депресија, ваквите лекарства најверојатно им ги имаат спасено животот. Проблем е кога пациентот ќе продолжи да го зема лекот, година за година, и потоа е невозможно да прекине. Многумина се потсетуваат дека никој од здравствените работници не им ги предочил опасностите од предолгото земање. Кога анти-депресивите забележаа бум, некаде во средината на 90-тите, тоа не ни можело да им се каже бидејќи ни докторите не ги знаеле последиците од долготрајните терапии. А кога таквите лекарства станаа хит, оние што стојат зад клиничките истражувања, приватните фармацевтски корпорации, природно не биле мотивирани да спроведуваат такви истражувања.

Економистот Дин Бејкер смета дека ваквиот расчекор меѓу јавното здравје и приватниот профит може да се премости со јавно финансирани клинички испитувања. Владите треба да тргнуваат пари настрана за финансирање на фармацевтски истражувања во кои корпоративните пари нема да играат улога. Истражувачите би се мотивирале со долгорочни ангажмани за државните сервиси а доколку пронајдат нов лек кој ќе биде успешно тестиран, врз него ниедна корпорација нема да има монопол и на тој начин ќе се добијат поевтини генерички лекови.