Мирисот на телото и здивот можат да бидат знак на болест, тврдат научниците на две одделни студии на шведскиот институт Каролинска и американскиот центар за сетила, Монел. Здивот на луѓето со дијабетес мириса на ацетон, додека на оние со заболување на црниот дроб мириса на сирова риба.
Повеќето луѓе не можат да ги намирисаат, но можат да ја препознаат прекумерната работа на имунитетот. Научниците веруваат дека мирисите на болеста во иднина ќе ги препознаат т.н. електронски носеви, а пример за еден е тестот за здив, кој веќе помага во откривање на карцином на дојка.
Телото испушта различни мириси секој ден, но болеста ги менува, така што канцерогените клетки ослободуваат различни хемикалии. Ова исто така резултира во промена на мирисот.
„Со години луѓето говорат дека чувствуваат лош мириса во близина на заболените од карцином. Една пациентка која страдаше од рак на белите дробови, самата го намирисала ракот на простата кај нејзиниот сопруг. Таа признала дека мириса на распаѓање“, вели д-р Џорџ Прети од Центарот за сетила во Монел.
Покрај „електронските носеви“, кучињата со години помагаат да се открие рак на белите дробови и дијабетес. Исто така, има големи чекори во откривањето на карциномот на јајниците, па иако студиите само што започнувале кучиња со 90 процентна точност, можат да го намирисаат овој вид на карцином.
Покрај кучињата, овошните мушички ја имаат истата способност, чии пипала се однесуваат поинаку во близина на болните од карцином.
Како мирисаат болестите?
Заболените од дијабетес мирисаат како отстранувач на лак за нокти.
Мирисот на луѓе со проблеми со црниот дроб потсетува на сурова риба.
При уринарни инфекции, урината мириса на амонијак.
Луѓето со рубеола имаат мирис на свежо искубани пердуви од живина.
На шизофрениците потта им мириса на оцет.
Тифусот потсетува на мирисот на свежо печен леб.
Пациентите со жолта треска мирисаат како месара.
Воспаление на лимфните јазли мириса на отстоено пиво.