Голем дел од населбата Карпош попладнево остана без електрична енергија.

Улицата „Илинденска“ е во мрак и не работат ниту семафорите на булеварот, пишува Нова Македонија.

Електрична енергија нема ниту во кафеаните во Дебар маало.

Од ЕВН информираат дека дефект настанал во главната трафостаница во Козле и се очекува наскоро да биде саниран, пренесе весникот.